Сцена
Црвен крст Центар: Успешната приказна „Зошто сум во болница“ продолжува
Проектот „Зошто сум во болница“ со позитивните резултати кои произлегуваат веќе две години од неговото стартување, слободно може да се каже дека стана заштите знак на општинската организација, а особено на Клубот на млади и младите волонтери кои се составен дел од оваа успешна приказна.
И оваа година на 200 дечиња сместени на Детската клиника им беше олеснет нивниот престој таму, преку дружбата со нашите волонтери и книгата која ја добиваа за подарок.
На наша голема радост, благодарение на долгогодишните пријатели на Црвениот крст, организацијата „The church of Jesus Christ of later day saints“ финансиски помогна во печатењето на ново издание на книгата со изменета содржина, прилагодена токму на нашата клиника и условите во неа и со нов наслов „Книга за болницата“. Сето ова ги разреши дилемите дека проектот ќе мора да престане заради неможноста да се направат дополнителни копии.







