МК Сцена
Д ФЕСТИВАЛ ОДБРОЈУВА: 100 дена до новото фестивалско издание
Позитивните впечатоци од последното издание на Д Фестивал повторно го добиваат својот интензитет како што се приближува времето за новото, шесто издание на единствениот open-air музички фестивал кај нас. Подготовките се во полн ек, а за точно 100 дена од денес, Д ФЕСТИВАЛ повторно ќе се одржува со тридневна програма, од 15 до 17 јули во Дојран.
И оваа година, Д ФЕСТИВАЛ повторнo ги поставува своите шатори на дојранското крајбрежје и на своите посетители им нуди многу повеќе од само атрактивна музичка програма, овозможувајќи им воедно да уживаат и бидат дел од уникатната атмосфера, создавајќи едно несекојдневно искуство кое ги брише сите изговори за поделба и нетрпеливост.
Како што и очекувавме, јубилејниот петти Д ФЕСТИВАЛ беше најголемо, најпосетено и најнезаборавното издание досега! Фестивалот лани повеќекратно ги сруши сопствените рекорди: во големината на просторот на кој се одвиваше програмата, бројот и разновидноста на изведувачите, вкупниот број на посетители, како и бројот на фестивалските туристи во Дојран. Заедно со фестивалскиот камп, Д ФЕСТИВАЛ уште еднаш се покажа како еден од најзначајните културно туристички настани во Македонија и го потврди својот статус на единствен open-air музички фестивал кај нас, во вистинското значење на оваа категорија.




