МК Сцена
Да престане врсничкото насилство – другаризацијата е начин на живот
“Колку врсничкото насилство претставува проблем во вашата работа, училиште и воопшто во македонскиот воспитно-образовен процес?“; „Од каде потребата за врсничко насилство кај децата и младите?“; „Како да се спречи, препознае и сузбие врсничкото насилство?“; и многу други прашања беа поставени на „Другаризација“ настанот кој се одржа во Македонскиот културен центар (МКЦ) во Скопје во недела, 16.12.2018 инициран и во организација на Центарот за Поттик на Креативни Потфати (ЦПКП).
За одговорите на овие дилеми се погрижија многу голем број на соработници, партнери и експерти.
Нивната цел беше да ги запознаат сите симптомите на врсничкото насилство и како тоа да се покори. На настанот учествуваа Вида Гаврилоска и Александра Петровска од „Институтот за Брак, Семејство, и Системска Пракса АЛТЕРНАТИВА“, Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавноста и нови медиуми, Боба Хаџи Христова и Викторија Коцевска (ХЕСЕД), Кристина Арнаудова (Проект Среќа), Павле Костадинов (Здружени Сите Заедно), Искра Донева, Никола Галевски (ЦПКП) и многу други.





