МК Сцена
НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД АВАЛОН: Стинг повторно во Скопје на 2 јуни!
Авалон Продукција наместо класична новогодишна честитка со која ќе Ви посака на сите што е можно поубави денови во 2019 година, се потруди директно да Ви овозможи еден убав и посебно специјален ден.
По рекордно брзо распродадедното шоу што се одржа во Вип Арената на 15.10.2017 (во рамки на “57th & 9th” турнејата), Sting се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена со која сме сите горди, „Филип Втори“.
Стадионот “Филип Втори” за прв пат ќе биде место на кое ќе се одржи концерт на една светска ѕвезда од калибарот на Sting!





