Сцена
Дејвид Бекам донираше 100.000 долари на сиромашно семејство
Дејвид Бекам многу одамна докажа дека е голем фудбалер, а сега докажа дека е и голем човек, откако на на едно сиромашно семејство од Калифорнија му донираше дури 100.000 долари.
Поранешениот фудбалер учествуваше во телевизиската емисија „Knock Knock Live“ во кое познати и славни личности им тропаат на врата на сиромашни семејства без претходна најава, а потоа им го олеснуваат тешкиот живот со финансиски средства.
Бекам беше во домот на семејството Гонзалез. Таткото Виктор самиот бил фудбалер, но морал да ја прекине кариерата и да се вработи на градилиште за да го прехрани семејството. Заради работата семејството го гледа еднаш месечно.




