МК Сцена
Уште една недела до големиот концерт на Здравко Чолиќ во Охрид!
Одбројувањето може да почне зашто до концертниот спектакл со најголемата екс ју ѕвезда – Здравко Чолиќ остана уште само една недела. Веќе се е подготвено за настанот кој ќе го одбележи летото, а кој е закажан на стадионот “Биљанини извори” во Охрид.
На сцената Чола, кој во Охрид ќе пристигне неколку дена порано за да може максимално да ужива во убавините на омилениот град, ќе ги отпее најголемите хитови од својата неколкудецениска музичка кариера, а концертот е предвидено да трае околу три часа часа.
Иако важи за една од најголемите ѕвезди од поранешната република Здравко е скромен и речиси нема никакви барања кои организаторите треба да му ги исполнат за време на престојот во Охрид. Единствената работа за која замоли е да добие сместување со поглед на езерото, а така е затоа што е вљубен во градот, кој вели е единственото место каде може максимално да се опушти и да ужива.




