МК Сцена
Јелена Карлеуша најавува жежок викенд во Охрид!
Откако ги наполни сите познати светски магазини и портали, најозборуваната српска пејачка викендов ќе ја подгрее и онака жешката атмосфера во Македонија.
Карлеуша за првпат доаѓа во Охрид каде што во петок ( 24.07) ќе одржи целовечерен концерт во дискотеката „Калео“ која важи за една од најголемите дискотеки во Македонија. Позната по својот ексцентричен стил таа најверојатно во Охрид ќе долета со приватен авион, а нејзиниот настап ќе биде вистинско шоу какво што само таа знае да направи: провокативни точки, секси костуми, „флерт“ со публиката.
