Сцена
Дејвид Боуви во тестаментот оставил имот од 100 милиони долари
Британската рок ѕвезда Дејвид Боуви, кој почина од рак на 11 јануари, оставил зад себе пари и имот во вредност од 100 милиони долари.
Според неговиот адвокат, тестаментот бил вчера отворен во Њујорк, каде Боуви живееше последниве две децении.
Половината од оставнината, Боуви и ја оставил на својата сопруга, поранешниот фото модел и манекенка Иман, со која беше во брак од 1992 година. Нејзе и припаднал и големиот стан во кој тие двајцата живееја во Њујорк.




