Музика
Ријана го подарува нејзиниот нов албум – погледнете како да го „симнете“!
Откако албумот на Ријана „излета“ на интернет пред неговото официјално објавување, популарната пејачката сега реши да и го подари на својата публика.
Пејачката на Твитер одбјави дека албумот „ANTI“ ќе биде целосно бесплатен, приложувајќи го линкот и шифрата за преземање.
Албумот моментно може да се преземе од сајтот „TIDAL“, а делукс верзијата со три бонус песни ќе биде достапна од утре.




