МК Сцена
Дино Мерлин го обединува Балканот во Охрид
Дино Мерлин на дело покажува дека е вистински волшебник. Онаков, кој што успева на едно место, со песна да го спои цел регион. Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Бугарија и Албанија буквално навалија на влезниците за концертот закажан за 23 јули на стадионот Билјанини извори во Охрид.
Организаторите со задоволство објавија дека до денес, се продадени повеќе од 5.000 влезници. Од интересот на регионалните гости за овој концерт на Мерлин во Охрид изненадени се и официјалните дистибутери на онлајн влезници eventim.rs од каде што изјавуваат дека досега не виделе ваков интерес и ваков тек на продажба на влезници.
Освен гостите од надвор, и македонските фанови на време обезбедуваат влезници за концертот кој што ќе го одбележи ова лето во Охрид. Најбројни се фановите од Штип. Но не заостануваат ниту останатите градови од Републиката.




