МК Сцена
ДОБРА МУЗИКА, ВИНО И ВКУСНО МЕЗЕ: Започна јубилејниот Вино Скоп на платото пред МОБ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
На плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред Македонска опера и балет, вчеравечер започна јубилејниот, десетти по ред фестивал на виното „ВИНО СКОП 2016“.
Сите посетители на традиционалниот фестивал до 2 октомври, ќе може да дегустираат вино од десет најдобри македонски винарници, како и вински коктели- сангрија и вино мохито. Исто така, и годинава ќе има вкусни мезиња од македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи.
Годинава на Вино Скоп ќе има музичка понуда за сите вкусови, односно ќе имаме џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно и шлагери.








