Сцена
Џијан Емин продолжува со европскиот музички поход: Патување низ епохите, од Бах до електроника со Тристано и Филхармонијата на Луксембург
Несекојдневно патување низ музичките епохи е најавено на концертот во Луксембург, под диригентско водство на нашиот Џијан Емин, со светски познатиот пијанист Франческо Тристано и Филхармонијата на Луксембург на 25 јануари во 19.30 часот.
Ова музичко доживување ќе започне со концертот за пијано и оркестар во Д мол од Ј.С.Бах, а ќе заврши со современа музика, вклучително авторски дела на Емин и Тристано, која ќе биде надополнета со користење на електроника и звучен дизајн.
Концертот на Луксембург е уште еден од низата на Емин на европската сцена, по успешниот настап во Португалија на Џез фестивалот во Гимараеш, каде имаше авторски концерт на затворањето на престижниот фестивал заедно со симфонискиот оркестар на Гимараеш. На фестивалот во Гимараеш настапија светски имиња од џез сцената како Марија Шнајдер, Лео Вадада Смит, Крејт Таборн, Џеф Балард и др.






