Сцена
Ед Шеран покажа дека е вистински џентлмен (ФОТО)
Кога ќе ви се скршат високите потпетици, посакувате да имате ваков дечко покрај себе.
Интернетот се воодушеви кога сфати колкав џентлмен е всушност Ед Шеран. Знаете, токму како од старите филмови…
Пејачот е виден пред неколку дена на излезот од еден ноќен клуб – само по чорапи! И не, не се работи за „пијана ситуација“, туку за вистинска џентлменска постапка од страна на младиот пејач. Неговата девојка Шери Сиборн ја скршила потпетицата на подиумот во ноќниот клуб, па Ед и ги дал неговите патики.




