Сцена
Џенифер Анистон се расплака пред фановите
Според многумина една од најубавите жени во светот, актерката Џениер Анистон, заврши во солзи по разговорот со еден од фановите, одговарајќи на прашањето дали некогаш се разбудила незнаејќи која е.
Славната актерка со фановите се дружеше во текот на италијанскиот филмски фестивал Џифони, а нејзиниот емотивен одговор беше повеќе од што очекуваа оножавателите.
– Во целата оваа просторија нема доволно прсти за да се набројат сите оние ситуации кога сме се чувствувале така изгубено. Ние сите сепак сме човечки суштетства, без оглед дали сме келнерки, пекари, студенти или нешто друго. Понекогаш на крајот од денот едноставно со главата удираш во ѕидот и мислиш дека не може понатаму, и одговори Анистон на тинејџерката која и го постави ова „тешко прашање“.




