Сцена
Џенифер Лопез снима албум со нејзинот поранешен сопруг
Изгледа дека Џенифер Лопез е една од ретките жени од јавната сцена која успеала по разводот да остане во добри односи со нејзинот сопруг Марк Ентони.
Имено, поранешните сопружници, кои ги имаат осумгодишните близнаци Макс и Ема, решиле повторно да се состанат и да изработат заеднички проект.
Тие следната година ќе издадат албум на шпански јазик, кој ќе биде најавен во ноември со нова песна.




