Сцена
ФАНОВИТЕ ПОЛУДЕА: Чашата од која пиел Џастин Бибер достигна вредност од 65.900 фунти
Џастин Бибер вечерал во еден ресторан во британски Есекс и испил една чаша млеко.
Келнерите не сакале да ја измијат чашата, туку одлучиле да ја продадат на иБеј.
– Не можевме да веруваме кога влезе во ресторанот. Тој беше многу релаксиран, разговаравме со него за се и сешто. Дури му раскажувавме и приказни за духови, затоа што овој ресторан наводно е проколнат, раскажа една од келнерките за Сан.




