Шоубиз
Во Турција неделно се снимаат и по 50 серии!
Турција е најголемиот извозник на телевизиски серии во светот по САД, изјави претседателот на Истанбулската трговска комора, Ибрахим Чаглар, на прес-конференцијата во Кан, во рамки на 32-то издание на Меѓунардониот саемот за телевизиски, видео, кабелски и сателитски филмови и програми.
Како што објави турскиот весник „Дејли Сабах“, Чаглар истакна дека во Турција неделно се снимаат по околу 50 телевизиски серии.
– Турција е втор најголем извозник на телевизиски серии во светот, по САД, истакна тој.




