Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТО: Орландо Блум вечерва во Скопје?!

МК Сцена

ФОТО: Орландо Блум вечерва во Скопје?!

Познатиот холивудски актер Орландо Блум вечерва бил во Скопје. Според фотографијата поставена на социјалната мрежа Фејсбук, актерот бил гостин во познат скопски ресторан во центарот на градот.

Денеска јавноста и медиумите беа изненадени од посетата на Блум на бегалскиот камп во Гевгелија, за што немаше никаква најава од него ниту од неговиот тим, а исто така и за посетата на Скопје, а се претпоставува дека причината е хуманитарниот карактер на истата.

Инаку, Блум разговараше со дел од мигрантите и се интересираше за нивниот пат, за проблемите во нивните татковини. Тој посебно внимание им посети на децата кои минуваат илјадици километри за да стигнат до Западна Европа. За време на неговиот престој во кампот, Орландо Блум испрати и еден од специјалните возови со мигранти и бегалци, кој тргнува од платформата пред транзитниот центар до северната граница.

12009598_1167233469959262_5013919198042563175_n[1]

Преземена од фејсбук профилот на ресторанот Воденица – Мулино

Орландо Блум е амбасадор на добрата волја на Уницеф од октомври 2009 година и често е во посета на критични места низ целиот свет, без разлика дали станува збор за земји зафатени со војна или елементарна непогода.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.