МК Сцена
На „Браќа Манаки“ 17.500 гледачи, најгледани „Лазар“ и „Платен убиец“
Околу 17.500 гледачи ги проследиле настаните на 36. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој се одржуваше од 18-ти до 27 септември.
Фестивалот донесе двесте филмски наслови во 13 програми кои беа прикажувани во четири сали во Битола. Како што информира ИФФК, најголем интерес од публиката имало за филмовите „Лазар“ на Светозар Ристовски, „Платен убиец“ на Дени Вилнев и „Магбет“ во режија на Џастин Курцел.
На вкупно 22 локации се одржуваа фестивалските настани, вклучувајќи ги и тие од Офф-програмата која имаше 31 содржина (промоции на албуми, концерти, настапи на диџеи…) Во дополнителната програма на фестивалот се одржаа шест мастер-класи, пет работилници, две панел-дискусии, шест презентации, една конференција, три изложби.




