МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: Дино Мерлин ја посети Детската Клиника во Скопје
По спектакуларниот концерт кој што се случи вчера во спортскиот центар Борис Трајковски, босанскиот волшебник својата успешна македонска приказнa ја заврши утрово, со донација од 300.000 денари на детската клиника во Скопје.
Имено утринава, Дино Мерлин и неговиот менаџмент ја посетија клиниката каде што ги дочека директорката Д-р Аспазија Софијанова и накратко ги запозна со состојбата на клиниката но и со дечињата за кои Мерлин не го криеше задоволството затоа што може да им помогне.
Мерлин оваа донација ја најави на прес конференцијата во Скопје, и тогаш но и денес потврди дека сите кои што можат, мораат да најдат начин да им помогнат на оние на кои што помошта им е најпотребна. Само така ќе знаеме дека оставаме нешто добро зад себе.






