Музика
ФОТОГАЛЕРИЈА: Ексклузивно од црвениот тепих на МТВ ЕМА наградите во Милано
Вечерва Милано е центарот на светското внимание каде се доделуваат МТВ Европските Музички Награди.
Гости на доделувањето се голем број на ѕвезди од светскиот шоубизнис, а меѓу најпознатите се Џастин Бибер, Ели Гоулдинг, Мартин Гарикс, Ед Шеран, Руби Роус и многу други.
Во центарот на Милано е поставена и Воурлд сцената каде свој настап имаа повеќе познати музички имиња, а за време на еден од настапите низ публиката се појави големото знае со порака СЛОБОДА како знак за поддршка на мигрантската криза во Европа.





