МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: „Мода и културно наследство“ – втор ден од есенскиот Моден викенд Скопје
Со ревиите на Јована Филиповиќ, Елена Спасовска и Венера Мустафа од Косово, се одржа вториот ревијален ден на есенскиот Моден викенд Скопје, под мотото „Мода и културно наследство“, вчеравечер во Музејот на Македонија.
Јована Филиповиќ ја прикажа колекцијата за актуелната есен/зима 2015/2016 за која вели дека „претставува одраз на на некое идно совршено време.
Иднина во која уметноста, дизајанот и архтектурата се движечка сила. Влијанието на нео – футуристичкиот минимализам на градбите на Заха Хадид и Калатрава се внимателно пресликани во секој елемент од колекцијата. Градби кои се одраз на времето кое допрва треба да дојде“.




