Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Принцот Џорџ „главна ѕвезда“ на крштевката на принцезата Шарлот

Настани

ФОТОГАЛЕРИЈА: Принцот Џорџ „главна ѕвезда“ на крштевката на принцезата Шарлот

Вчерашната крштевка на принцезата Шарлот денеска е главна тема на британски медиуми, кои настанот го оценуваат како „голем медиумски спектакл“.

Крштевката на малата принцеза Шарлот се одржа во црвката „Св. Марија Магдалена“ на кралскиот имот во Сандригам.

Покрај членовите на кралското семејството, на крштевката присуствуваа и кумовите, братучедот на Кејт, Адам Мидлтон и братучедата на Вилијам, Лора Фелоу. За жал, чичкото, принцот Хари не присуствуваше на прославата, бидејќи беше во посета на Африка.

Christening+Princess+Charlotte+Cambridge+MVx7WJUOQFAx[1]

Иако крштевката беша приватна, околу црквата се собраа неколку илјади граѓани, новинари и фотографи за да ја видат принцезата.

Британските медиуми пишуваат дека иако се очекуваше принцезата Шарлот да биде главна ѕвезда на настанот, вниманието на фотографите го привлече миленикот на јавноста, нејзиниот брат, принцот Џорџ.

Во еден момент Џорџ сам се упати кон црквата, но родителите сепак го „спречија“. И додека Кејт и Вилијам кратко разговараа со толпата народ, ѕвездата Џорџ „реши“ да им позира на фотографите.

princess-charlotte-prince-george-christening_1600x1116[1]

Принцезата Шарлот беше облечена во реплика на фустан од тантела и сатен што во 1841 година бил сошиен за најстарата ќерка на кралицата Викторија, а за репликата се погрижи кралската кројачка Анџела Кели.

Ова е првпат јавноста да ја види Шарлот по излегувањето од болница.

Во истата црква е крстена и мајката на Вилијам, принцезата Диана, а се работи за храм каде кралското семејство традиционално се собира за Божик.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.