МК Сцена
Журка под отворено небо: Аца Лукас на 25-ти јули доаѓа во Охрид!
Еден од најпопуларните српски пејачи во моментов, човекот на којшто годините не му можат ништо, еден од жирито на мега популарните „Ѕвезди на Гранд“, Аца Лукас на 25 јули ќе ја отвори охридската концертна сезона со летен концерт на плажата Немо во Охрид.
Хитовите коишто со години наназад не го симнуваат овој најпознат рокер меѓу фолкерите и фолкер помеѓу рокерите, од тронот, ќе се слушаат и на охридското крајбрежје.
Многу одамна неговата „Лична карта“ му отвори европска патека. Денес истата таа е синоним за одлична забава. Освен неа, на концертот во Охрид ќе се слушнат и хитовите со кои што денес полни концертни сали и стадиони не само во регионот туку и во Европа. „Кафана на Балкану“, „Нисам преживео“, „Истина је да те лажем“, „Песма од бола“, „Нешто против болова“…и многу други.




