МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: „Свадбените приказни“ го отворија дванаесеттиот Моден викенд во Скопје
Модната изложба „Свадбени приказни “ го отвори есенското издание на Моден викенд Скопје , вчеравечер во Музејот на Македонија.
Проектот „Свадбени приказни“ е во организација на Музеј на Македонија, Европски Универзитет во РМ и Британски совет во Македонија. На отворањето на модната изложба се обратија директорката на Музејот на Македонија Мирјана Нинчевска, Кендал Робинс програмски менаџер во Британски совет Лондон и професорката Гордана Вренцоска од Европскиот Универзитет на РМ која ја прогласи модната изложба за отворена.
Студентите од моден и графички дизајн, во соработка со студентите од дизајн на ентериер и кустосите од Музејот, на изложбата која ќе трае се до 8 ноември ќе претстават дизајнерски раскажани приказни преку кои даваат свои, современи интерпретации на облеката, текстилот и накитот од локалните свадбени традиции. Во сценографијата се вметнати и експонати од изложбата „Црвен петел – црна кокошка“ на Музејот на Македонија.




