МК Сцена
Францускиот кинематограф Пиер Лом добитник на „Златна камера 300“
Светски познатиот француски кинематограф Пиер Лом е добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на 38.издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 23 до 30 септември во Битола.
Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на Фестивалот, Благоја Куновски – Доре, кој рече дека богатиот опус на Лом со повеќе од 100 филмови, околу 60 целовечерни играни, документарни и кратки, го карактеризираат разновидни визуелни, кинестетски и жанровски изрази. Посочи дека еден од најдобрите снимени филмови на Лом е „Сирано од Бержерак“ (1990).
Лом освоил значајни филмски награди: Бафта, наградата на Британската филмска академија, францускиот Сезар за најдобар кинематографер…





