Сцена
ГИ „НАМОКРИЛ“ ТРЕНЕРКИТЕ: Џастин Бибер одговори на папарацо фотографиите
Дали Џастин Бибер навистина не можел да издржи и ги „намокрил“ тренерките или постои друг изговор за дамката која папараците успеаа да ја фатат на неговите тренерки?
Џастин Бибер дефинитивно е една од најопуштените ѕвезди во Холивуд, а за тоа говори и храброста да се појавиш во јавност на улиците во Лос Анџелес, со огромна дамка на своите тренерки, која веројатно мириса на урина, знаејќи дека папараците те демнат на секој агол.
Утринава популарниот портал ТМЗ објави видео на кое се гледа младиот пејач како спокојно оди на улица додека на неговите тренерки од 400 долари се гледа големата дамка.




