Сцена
ГИ ШОКИРАШЕ ФАНОВИТЕ: Џастин Бибер направи огромна тетоважа на своето тело (ФОТО)
Популарниот кадански пејач Џастин Бибер ги шокираше фановите со објавените селфи фотографии и видеа на Инстаграм на кои ја покажа новата огромна тетоважа на неговото тело и преку целиот стомак.
Тој е познат по своите тетоважи и ги има повеќе од 60 на неговото тело, но неговите обожаватели сметаат дека сега сепак претера.
Бибер целиот стомак го прекри со скелети, черепи и чудни врати и ходници, кои според извори блиски до ѕвездата ги истетовирал во март, оваа година. На едната страна од градите има истетовирано огромна мечка, а на другата лав, додека под нив се наоѓаат и дел од веќе старите тетоважи.




