Промо
Главните ликови од „Игра на престолите“ подготвени за зимата (ВИДЕО)
Телевизиската мрежа ХБО претстави ново промотивно видео, кое открива некои интересни детали на седмата сезона на популарната серија „Игра на тронови“, чие емитување почнува на 16 јули.
Во видеото можат да се видат новите костими на главните ликови на серијата со која на сите ми порачуваат дека се подготвени за зимата.
Така Џон Сноу, кралот на Северот, продолжува да го носи своето големо крзно. Мајката на змаевите нејзините светли и разиграни фустани ги заменува со кожни фустани со синџири и наметка со боја на костен.




