Сцена
ГОДИНА ПО НАПАДОТ: Емотивен настап на Стинг во „крвавата“ арена „Батаклан“ (ФОТО)
Со најголемо ниво на обезбедување и претпазливост, вчеравечер во Париз со настапот на британската музичка легенда Стинг повторно се отвори „крвавата“ арена „Батаклан“ каде што со автоматско оружје и експлозиви беа убиени 90 посетители пред точно една година.
– „Ние нема да ги заборавиме!“ – рекол Стинг на присутната публика, откако одржа едноминутно молчење.
Сите 1.000 карти за концертот биле распродадени за помалку од 30 минути, изјавија организаторите, а карти добиле и семејствата на жртвите.






