МК Сцена
Канадскиот пејач Мајкл Бубле ја паузира кариерата додека неговиот син не се излечи од канцер
Канадскиот пејач, Мајкл Бубле, ќе ја паузира својата музичка кариера додека неговиот син не се излечи од канцер.
Цел свет занеме кога канадскиот пејач објави дека неговиот тригодишен син Ноа е болен од рак.
Сега му претстојат четири месеци хемотерапија, а пејачот одлучи целосно да му се посвети на излекувањето на синот, за кој велат дека има 90-отстотни шанси да ја победи болеста.




