МК Сцена
„Гус гус“ во сабота на Скопски саем
Win Music Freedom со огромно задоволство ви го најавува концертот за светски познатиот електронски бенд GUS GUS, на 22 април во петтата хала на „Скопски Саем“. Водени од желбата на македонската публика, да се посведочат најквалитетните музички настани поврзани со електронската музика и клупската култура, овој избор беше сосема логичен.
GUS GUS постојат повеќе од 20 години и се уште се водечки електронски бенд кој е жанровски шаренолик, а нивните експериментални звуци секогаш нови и свежи. Нивниот уникатен прогресивен стил измешан со мрачни текстови ги прави неодоливо добри.
Формирани се во 1995 година, како филмски колектив за по издавањето на првиот албум да бидат повикани од моќната и независна дискографска куќа 4AD за која и ќе ги издадат албумите Polydistortion, This Is Normal и GusGus vs. T-World. Составот на бендот се менува низ годините, но како р’бер на овој бенд од почеток, па до денес остануваат Birgir Þórarinsson (композитор) и Daniel Ágúst Haraldsson (пејач и текстописец). На нивните последни два албум гостува талентираниот музичар и вокалист Högni Egilsson. GUS GUS во своето уникатно музичко патешествие имаат светски поп хитови и синглови како “David”, “Ladyshave”, “Need in Me” и “Over”.




