Сцена
Хејли Болдвин: Тешко е да се биде девојка на Џастин Бибер (ФОТО)
На почетокот на годината светот го обиколија фотографии на кои пејачот Џастин Бибер и манекенка Хејли Болдвин разменуваат нежни бакнежи на егзотичен остров, каде ги минаа новогодишните празници, со што официјално беше потврдено дека тие се во врска.
Но, русокосата Хејли сега за магазинот „Мери Клер“ проговири за она во што веќе се сомневавме.
– По објавувањето на фотографијата како луди почнаа да стигнуваат пораки и повици. Не е лесно да се биде со некој од оваа индустрија. Мораш да имаш дебела кожа и да бидеш силен. Мораш да се фокусираш на таа личност и на ништо повеќе, открива Хејли.


![justin-hailey-zoom-004cc2dc-cafe-4294-9c1a-466f1705063b[2]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2016/04/justin-hailey-zoom-004cc2dc-cafe-4294-9c1a-466f1705063b2.jpg)


