МК Сцена
Светскиот мотивациски говорник Ник Вујичиќ во Македонија
Големиот светски хуманист и говорник Ник Вујичиќ утре, со почеток во 20 часот, во ВИП Арената на СРЦ „Борис Трајковски“, ќе се претстави со свој мотивациски говор.
Вујичиќ е човек кој со својата неверојатна животна приказна, харизматичен лик и со длабока верба во Бога успеа да ги допре срцата на милионите фанови ширум светот ширејќи огромна верба и волја која им помогна на многу луѓе да го трансформираат својот поглед кон животот и светот.
Настанот е во организација на „Центарот за поттик на креативни потфати“ и „Нова Искра“ како и евангелско-протестантските цркви во Македонија. По повод посетата на Вујичиќ ќе биде промовирана неговата прва книга „Живот без граници“, во превод на македонски јазик на „Саемот на книга“. Изданието ќе биде достапно и на настанот утре во СРЦ „Борис Трајковски“ по цена од 300 денари.




