Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Приготвени над 300 оброци во месецот на хуманост

Хуманост

Приготвени над 300 оброци во месецот на хуманост

Приготвени над 300 оброци во месецот на хуманост

Ентузијастот за готвење, Cooking with Branko (Бранко Попоски) имаше една цел, да им помогне на тие што им е најпотребно. Тој на уникатен начин одлучи да ги предизвика голем број на луѓе и компании да приготват 3 до 5 оброци за сума од 100 денари. Тоа го направи заедно со Ретвитни оброк и здружението Љубезност. Тие заедно, сите, успеаја да донираат над 300 оброци.

„Чувството на среќа, исполнетост и задоволство денес се многу големи. Толку многу што не можам и не знам на кој начин да ви ја искажам благодарноста што месец јули решивте да бидете дел од #месецнахуманост со Cooking with Branko, што го прифативте предизвикот за готвење и донирање на оброци, и што бевте хумани и што помогнавте барем малку да придонесеме за споделување на насмевки, љубов и топли прегратки преку топол оброк.“, им се обрати Cooking with Branko на Димитар Атанасовски, Sarah Mace, Македонија Денес, Утринска на Телма, Снеже Велков, Јелена Спенџарска, Ване Маркоски, Коста Давид Петров, Александра Јанева, Николина Славковска, Јана Серафимова, Влатко Чаловски, Ivana Torres, Кристина Петровска Арнаудова, Eye Cue, Елена Стефановска, Валентин Петрески, Тина Мицковска.

Според него, воден од хуманоста на сите кои се вклучија и сите кои ја дадоа својата поддршка, овој Месец на хуманоста не застанува. Поради овие дела сите ќе продолжат да бидат хумани и да им помогаат на оние на кои што им е најпотребно.

Со Бранко може најдобро да се запознаете на неговите социјални канали за комуникација и тоа: https://www.facebook.com/cookingwithbranko/ и https://www.instagram.com/cookingwithbranko/?hl=en

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Хуманост

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.