Хуманост
ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: Мисија за децата од социјално загрозени семејства да добијат новогодишни пакетчиња
Искрени насмевки и радост за новогодишните празници е мисијата на хуманиот проект “Да бидеме хумани“ кој ги сплоти трите македонки, Елена (@elenagagic), Елена (@aktivnosti_za_deca) и Симона (@moe_dete). Токму тие се мајки, активистки на социјалните мрежи, кои потикнаа многу граѓани заедно да тргнат во хумана мисија за магичните празници, во соработка со здружението „Љубезност”.
„Една година ние три на социјалните мрежи промовираме родителите дома заедно со децата активно да поминат квалитетно време, да се забавуваат и да ги оттргнат децата од модерните технологии. Преку нашата неформална соработка дојдовме до заклучок дека потребна ни е заедничка работилница за проектот “Врти од А до Ш”, за да подоцна ја направиме он-лајн работилница за Halloween, која беше во соработка со многу поддржувачи а поздравена од многу учесници. Двете работилници беа од забавен и едукативен карактер, сработени од мајки, татковци, деца… За на крај да дојдеме до идеја за годината да ја завршиме со насмевка, со добро дело преку социјалните медиуми проектот “ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ” изјави Елена Гагиќ Стојчевска.
Целта на проектот е да соберат што повеќе донации, а се промовира преку социјалната мрежа Instagram, на која работат со повеќе групи. Начинот на пријавување е со ДОНАЦИЈА односно секој оној што сака да е дел од работилниците, донира најмалку 100 денари, во здружението “Љубезност”.





