Хуманост
Зеленски разговараше со Ештон Качер и Мила Кунис и им се заблагодари за помошта
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пофали актерската двојка Ештон Качер (44) и Мила Кунис (38) затоа што собрале повеќе од 30 милиони долари помош за Украинците, а претходно разговарале преку видео повик.
Зеленски објави фотографии од видео повикот со Качер и Кунис, која е родена во Украина.
– Тие двајца беа меѓу првите кои одговорија на нашата тага. Благодарен сум за нивната поддршка. Импресионирани од нивната решителност. Тие ја инспирираат нацијата – наведе Зеленски во соопштението.




