Музика
Официјално: Евровизија следната година ќе се одржи во Велика Британија!
Иако Украина е победник на Евровизија 2022 година, следното натпреварување нема да се одржи во оваа земја поради воената состојба во која се наоѓа.
Со месеци се шпекулира дека следната Евровизија нема да се одржи во Украина, поради воената состојба во оваа земја. Сега Европската радиодифузна унија (ЕБУ) официјално објави дека познатиот музички натпревар дефинитивно ќе се одржи во Велика Британија, земјата која го освои второто место на овогодинешниот Евросонг.
ЕБУ ги отвори преговорите со Би-Би-Си, а се уште не се знае кој град ќе биде домаќин. Големи се шансите Евровизија 2023 да се одржи во Глазгов или Манчестер, но секако сите градови за кои се шпекулира ќе мора да поминат низ процесот на наддавање и во исто време да имаат се што е потребно за овој голем настан, како што се соодветни капацитети. Пред неколку месеци организаторите објавија дека не се исполнети условите тој да се одржи во земјата од каде што е годинешниот победник, односно во Украина.





