Сцена
Хурем Султан во мај се сели во Македонија
Турската актерка, која моментално живее во Берлин, ќе снима во Македонија. На сетот во Македонија, најверојано, ќе ја поведе и едногодишната ќеркичка Лара, но не знае дали со неа ќе дојде и нејзиното ново момче Озан Ѓувен.
На ѕвездата на турската серија „Сулејман Величествениот“ партнер во новиот проект ќе ѝ биде актерот Мурат Јилдирим (36), Демир од познатата серија „Аси“. Филмот ќе почне да се снима кон почетокот на мај во Македонија, а продуцентите сѐ уште не ги откриваат локациите на снимањето.
Мерјем Узерли (31) се радува што се враќа на работа, а наместо серија избрала филм поради помалку напорното темпо на работа.




