МК Сцена
И покрај дождот Сара полета во вселената со својот бенд!
Сара Мејс покрај временските неприлики во Скопје создаде прекрасна атмосфера за сите љубители на музиката.
Поради дождот Сара Мејс и нејзиниот бенд акустично го изведoa проектот Floating through space и ја исполнија желбата на сите кои беа на платото на МОБ, дојдени да уживаат во концертот.
Таа на одличен начин ја истакна нејзината уникатност на плоштадот „Мајка Тереза“, совршено претставувајќи го концептот на најновиот проект Floating through space with Sarah Mace.





