Настани
Jingle Bells Symphony – Предновогодишна концертна бајка на Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерен Оркестар на Битола
Предновогодишниот период е секогаш резервиран за убави нешта, а 18.12.2023 година е дефинитивно датум резервиран за нова предновогодишна концертна бајка, со Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола.
Под диригентската палка на единствениот Владимир Димовски, концертот ќе донесе комплетна новогодишна еуфорија во Македонска Филхармонија, а и ќе ја оживее премиерата на една поинаква зимска концертна приказна, насловена како „Jingle Bells Symphony“.
