Музика
„ФрЕкФеНцИјА“ – Сара Мејс со нов, свеж вајб, песна и видео запис
Што не можат зборовите, можат погледот и допирот, а што не можат ни тие, може музиката. Во ерата во која живееме, каде секој наш чекор е дигитален и очекуван, не би постоела убавината и мистеријата на секојдневието, доколку не би постоела уметноста и музиката. Жедни да се приближиме кон живи, длабоки, ултра-забавни емоции, – и со желба на праг на исполнување, Сара Мејс на јавноста ѝ подари освежувачко транспортирање на една поинаква „ФрЕкФеНцИјА“.
Енергијата, којашто се испреплетува низ стиховите е забавна „мелодична четка“, а вајбот во оваа нова песна и видео запис, е инспирација од колоритните 90ти. Сѐ се движи во ритам на искршен бит, со позитивни вибрации и во фанки расположение. Новата песна на Сара Мејс веќе ја сетира и обојува новата дефиниција за колективниот вајб на забавата и на претстојниот летен период, каде љубовта е дел од секоја насмевка, танц, прегратка.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, аранжманот и продукцијата се на Иван Петровски. Видео записот е креативно режисерско дело на Кристијан Шемко, во тим со Томислав Живковиќ, кој стои зад уникатниот сплет на ефекти и колор-корекција. Уникатната кореографија, која совршено е синхронизирана со текстот и мелодијата е осмислена од страна на тимот на Студио Брејк а Лег.





