МК Сцена
И Скопје дел од глобалниот видеоспот за Часот на планетата Земја (ВИДЕО)
Како што започнува одбројувањето до најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја, денеска тимот на ова движење официјално го промовираше глобалното видео од светската маркетинг кампања во кое се појавува и инсерт од Скопје!
Часот на планетата Земја претставува најголемата светска еколошка акција, која има за цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да испрати силна порака за спас на планетата.
Во полуминутното видео, во кое има инсерти од исклучувањето на осветлувањето од повеќе светски метрополи, се појавува инсерт од височина од нашиот главен град Скопје кој ќе ви го одземе здивот!





