МК Сцена
ИФФК „Браќа Манаки“ претстави дел од тимот што го сними филмот „Насоки“
Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ денеска во Битола претстави дел од тимот што го сними филмот „Насоки“, бугарско-македонска-германска продукција во режија на Стефан Командарев, кој довербата за снимање на филмот ја даде на кинематограферот Веселин Христов.
Станува збор за филм инспириран од повеќегодишно истражување на режисерот, кој, како што рече кинематограферот Христов, поминал над 12.000 километри возејќи се со такси возилата низ Софија, пренесувајќи вистински приказни кои се случиле во главниот бугарски град и во Бургас.
– Снимањето на филмот одеше брзо. Филмот го снимив за две и пол недели, но беше многу тешко затоа што целиот филм во кој се испреплетени документаристика и креативно актерство е снимен во такси возило. За снимање на филмот користев мала камера, се се снимаше од рака без помош на стативи или други помагала. Филмот „Насоки“ е најбрзиот филм што досега сум го снимил, посочи кинематограферот Христов на средбата со новинарите во фестивалскиот прес-центар.




