Сцена
Инстаграм инструкторката Хена Полатис вежбаше со ќерка си
Инстаграм инструкторката Хена Полатис која своите 1,3 милиони следачи ги привлече со фитнес видеата од Бали, ги почести своите обожаватели со снимка на која вежба заедно со двегодишната ќеркичка Евалија Грејс.
Видеото содржи сериозни вежби, но вниманието го украде малечката, која неуморно се труди да ја копира својата мајка.
– Сака да вежба со мене дома и сака да ме следи во вежбалницата. Јога практикува веќе една година и некои вежби ги изведува подобро и од мене, изјави Хена во една прилика.




