МК Сцена
„Музика, не мобилни!“ – кампања на Македонската филхармонија
„Музика, не мобилни – исклучи го телефонот, вклучи ги сетилата“ е новата кампања на Македонската филхармонија, која што оваа институција ја почнува со првиот симфониски концерт во новата сезона, а кој ќе се одржи в четврток со славниот пијанист Лука Дебарг и маестро Јерухам Шаровски зад диригентскиот пулт.
Кампањата „Музика, не мобилни“ треба да ја зголеми свеста кај посетителите да не користат телефони за време на музичките настани.
Употребата на мобилните телефони стана неизоставен сегмент од животот на секој поединец и тие се користат секаде, дури и на концертите на класична музика. Идејата на Македонската филхармонија е посетителите на концертите да уживаат во музиката, наместо да ја „гледаат“, „слушаат“ и „доживуваат“ преку екранот на телефонот.




