Интервју
Александра Јанева: „Ми требаше многу време и храброст да кажам не, сега ми е многу полесно“
Во маестралноста и квалитетите на Александра Јанева досега се имаме уверено многупати.
Таа дефинитивно е една од најталентираните и најуникатните женски вокали што некогаш се појавиле на македонската музичка сцена. Нејзиното име е Александра Јанева и токму таа, на јавноста и го претстави своето ново музичко парче кое го носи насловот „Утрото ќе промени се”, а со својот глас и чиста емоција и овој пат никого не остави рамнодушен.
Во ексклузивно интервју за естрадниот магазин “Бекстејџ”, Јанева изјави дека го чекала вистинскиот момент да ја објави оваа песна која во фиока повеќе од една година, песна базирана врз вистинска приказна.





