Интервју
Андријана Јаневска: „Ни татко ми, ни маж ми не се моторџии, јас пак за месец дена положив и си купив мотор“
Андријана Јаневска повеќе од 20 години е на музичката сцена. Кога првпат настапи на Скопскиот фестивал во ’98 не ни мислела дека толку долго ќе се занимава со пеење. Денес зад неа се настапи, песни, манифестации. Таа е професорка по виолина, ама ретко кој знае дека последнава години е и моторџика. Вози Хонда Сузуки. Иако на сопругот Гино, а и на татко ѝ не им се допаднала идеја, Јаневска денес вози мотор.
„Не знам ни јас како се решив. Кумот наш вози мотор, па еден ден дојде, свртевме еден круг и сфатив дека тоа е тоа. Кога одев на часовите за да полагам за мотор, во еден момент си реков, што ми е мене, ама ете адреналинот си го направи своето“, открива Јаневска и додаде: „Но, јас многу внимавам и возам со 16 очи отворени“.
Не е тајна дека е љубител на формула 1. „Од мала барав татко ми да ми дава да возам, затоа денес со страст гледам формула“, открива Андријана за „Репортер“.




