Интервју
Антониа Гиговска за разделбата со Иван: „Премногу ме имаше во медиумите со бившите партнери“
За некои луѓе велат дека се родени под среќна ѕвезда. Токму таква е ѕвездата на Антониа Гиговска. Таа има нешто што не може ниту да се одглуми ниту да се купи.
Освен што агендата со настапи ѝ е преполна и скоро секој ден е во различен град, таа успеа да стигне во Сокобања, Србија и да ја подигне наградата „Поп пејачка на годината“. На таква вест не можете да не кажете браво! Сцената што многу од пејачките ја посакуваат и сонуваат, таа ја впива со сите сетила и чекори по неа.
Но, кога станува збор за нејзиното име и презиме, мислењата во јавноста се поделени. Многумина велат дека арогантноста преовладува кај оваа млада пејачка, а оние кои што ја познаваат го кажуваат сосема спротивното.




