ЏАНИ АЛИОСКИ: „Заслуживме макар и мал пречек на аеродромот, ама никој не дојде“
Левиот бек на македонската репрезентација, Езѓан Џани Алиоски, важи за еден од милениците на публиката. За неговите шеги на тренинзите и во соблекувалната раскажуваат и фудбалерите и фановите, а и тој често објавува забавни видеа на социјалните мрежи.
На Евро 2020 даде гол против Украина по Горан Пандев, кој го постигна првиот гол за Македонија на европските првенства.
„Јас сум најмладиот стрелец за Македонија на едно Европско, ако имам 29 години“, вели на шега Алиоски и додава: „Мило ми е што Горан даде гол, знам колку го посакуваше тоа во својата кариера“.




